Општина Аеродром ги презема сите мерки за расчистување на скандалот во градинката

Општина Аеродром денеска соопшти дека од градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче потврдуваат дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот, за кој излегоа информации во јавноста дека две негувателки несоодветно се однесувале кон децата.

- Земени се изјави од родителите и од вработените, по што е направен и записник од страна на психологот во градинката, според Протоколот за постапување во случај на инцидент, се наведува во соопштението од општина Аеродром.

Министерството за труд и социјална политика претходно најави вонредна инспекција од Секторот за инспекцски надзор за детска заштита при МТСП.

Општина Аеродром, се вели во соопштението, најстро осудува секаков вид насилно и несоодветно однесување кон децата и е посветена на целосно расчистување на овој случај. 

 

 

 

09.10.2018 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега