Нимиц: Мојата поддршка на конгресмен од грчко потекло нема врска со посредувањето за името

Како државјанин на САД, јас поддржувам одредени американски кандидати поради нивните ставови за некои внатрешни прашања, и тоа нема никакво влијание на посредувањето во спорот меѓу Атина и Скопје, изјавува медијаторот Метју Нимиц во интервју за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.
 
Нимиц во интервјуто беше прашан за обвинувањата на Мекедонците од Австралија кои неодамна објавија во австралиските весници на македонски јазик дека тој наводно финасирал американски конгресмен од грчко потекло на изминатите избори во САД, што преставува своевиден конфликт на интереси, бидејќи ја има улогата на посредник во спорот меѓу Грција и Македонија,
  
- Но, моја обврска како американски државјанин е да учествувам во нашиот изборен процес. Верувам дека се разбравме. На пример, пружам финансиска поддршка на мојата локална конгресменка уште од 1992 година, бидејќи според мое мислење врши многу добра работа во мојот округ, истакнува  Нимиц за ТВ Сонце.
 
Запрашан дали е можна неогова оставка доколу се потврди дека финансирањето конгресмен од грчко потекло на изборите во САД е конфликт на интереси Нимиц е дециден: „Сега,не сакам да коментирам повеќе,  особено во време на Генералното собрание на Обидинетите нации“.

21.09.2013 - 10:26
Фото: 
МИА

најчитано сега