Ништо од лидерска Мицкоски - Заев: Власта оди на избори

Премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со  уставните измени за Договорот од Преспа, со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори, јавува провладиниот портал Плусинфо повикувајќи се на високи извори во власта.

Извори на Плусинфо вели дека  Заев и СДСМ немаат намера да ги убедуваат Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани, особено по децидните ставови на опозицискиот лидер и пратениците дека нема да дадат поддршка за амандманите, како и по испорачаните услови од опозицијата за нов опозициски јавен обвинител, анкетна комисија за референдумските нерегуларности и Пржинска влада со целосен мандат.

– Немаме намера за средба помеѓу Заев и Мицкоски. Подготвуваме избори затоа што нема изгледи ништо да се направи во парламентот – вели за Плусинфо висок функционер од Владата.

Мицкоски уште вчера ги испорача условите на ВМРО-ДПМНЕ за учество на изборите. Мицкоски бара пржинска влаа според законот за Влада на 100 дена пред избори, опозицијата да го предложи новиот јавен обвинител откако стариот ќе си поднесе оставка и анкетна комисија која ќе ги разгледува нерегуларностите на референдумот.

Токму од овие услови зависи и периодот на одржување на референдумот. Премиерот смета дека скратените рокови овозможуваат да се намали и рокот на траењето на пржинската Влада, нешто со што опозицијата не се согласува, особено по серијата сомнежи за изборен криминал кои излегоа откако стана јасно дека во одредени гласачки места низ Македонија се гласало по еднаш на секои 17 секунди.

 

 

 

 

02.10.2018 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега