На првообвинетиот „Шпион“ два пати му бил прекинат работниот однос во Агенцијата за разузнавање

 

Денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврди дека на првообвинетиот во операцијата „Шпион“,  Марјан Ефремов,  два пати му бил прекинат работниот однос во Агенцијата за разузнавање.

- Според сознанијата до кои дојдовме во текот на истрагата првиот пат работниот однос на првообвинетиот во операцијата „Шпион“ во Агенцијата за разузнавање му престанал во 2000 година. Меѓутоа, во 2004 година од тогашното раководство поставено од претходниот претседател на државата повторно е вратен на работа и е поставен на раководна функција, а понатаму станува и советник во Кабинетот на директорот. Работниот однос втор пат му престанал во 2009 година, истакна денеска министерката за внатрешни работи, одговарајќи на новинарско прашање.

Јанкуловска  не сакаше да прецизира колку често Ефремов патувал во странство, но додаде дека една од причините заради кои му престанал работниот однос во 2009 година било поминувањето на државната граница без согласност од надлежниот старешина.

20.09.2013 - 15:54

најчитано сега