Маж претепан на паркинг во Скопје

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 12:30 часот било пријавено дека на улицата „Дебарца“ пред угостителски објект, 27-годишниот С.М. и 54-годишниот К.М. физички го нападнале 45-годишниот Г.Х.- вработен во Градски паркинг. 

До физичкиот напад дошло по претходна расправија во врска со поставена „шепа“ на возило „Пежо 306“ со кое биле двајцата напаѓачи. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

15.09.2018 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега