И се запалил автомобилот додека го возела - интервенирала пожарна

На 28.05.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје, С.А.(29) од Скопје пријавила дека пред полициски објект на подрачјето на Центар, додека го управувала нејзиното патничко возило „ситроен“ со скопски регистарски ознаки, настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат со интервенција на полициски службеник со противпожарен апарат, а потоа и од Бригадата со противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема, а полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.

29.05.2024 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега