Двајца дедовци ќе одговараат кривично - продале хероин, „ќариле“ 1.000 денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.А.(62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Х.Ш.(64) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 06.08.2022 кај с.Тркање, првопријавениот продал хероин за сума од 1.000 денари на две лица, кои го користеле во автомобилот на второпријавениот.
29.05.2024 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа