Мицкоски: Сања Божиновска е поголема Македонка сите вас во СДСМ заедно
„Господине Оливер Спасовски, да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија, затоа што, тоа што она го има на професионален план во енергетиката направено не можете ниту да го сонувате, а камоли па да се приближите“, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Оливер Спасовски на денешната седница за поставување на пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски додаде дека за разлика од Спасовски кој делел македонски пасоши на белосветски криминалци, министерката Божиновска има долгогодишно работно искуство, а за неа како што рече знае светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина.
„Нејзината биографија и нејзините постигнувања, се нешто за кое што барем можевте да излезете овдека и да кажете секоја чест за стручноста и за личното портфолио. И сега се доведуваме во ситуација, да е грев ако сме успешни. Се доведуваме во ситуација да зборуваме работи, кои што навистина немаат никаква врска, ниту па јавноста ја интересира, во врска со тоа кое што го води Сања. Еве јас ќе ви кажам бидејќи ја знам долго време, да речеме 12-13 години. Верувајте ми за нејзе знаат светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Скандинавија до Атина. Додека имавме политичари во македонската влада, кои што даваа пасоши на белосветски криминалци. Тоа е ваша работа, тоа е директен ваш ресор и за тоа ќе ве напаѓам, ќе барам одговорност. – рече Мицкоски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа