За два месеци ќе возиме по “ганц“ нов пат од Тетово до Јажинце
Maкедонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, неговиот заменик Џелал Бајрами, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалниците на Јегуновце и Теарце, Тони Коцески и Исен Асани денеска го посетија селото Вратница каде во тек се градежните работи за обнова на магистралниот патен правец Тетово - граничен премин Јажинце.
Јанакиески денеска истакна дека македонската Влада решила да одвои средства за патпт Тетово-Јажинце бидејќи тој е еден од најфреквентните патни правци во земјава.
- Согласно потпишаниот договор и динамичкиот план обновата треба да заврши во текот на ноември заради што од следната недела ќе биде ангажиран и поголем број потребни градежни машини и ќе се почне со обновата на патот и од страна на Тетово. Инвестицијата чини околу 2 милиони евра средства од буџетот и се надевам дека за нешто помалку од два месеца конечно ќе го задоволиме барањето на жителите на населените места покрај овој пат што бараат негова реконструкција подолго време, рече министерот Јанакиески.
Министерот најави дека лежечките полицајци кои не се поставени според законските прописи ќе бидат отстранети по завршувањето на обновата.
ЈАнакиески најави дека 2014 година ќе биде година на големи инфраструктурни зафати во Македонија.
- Од големите инфраструктурни проекти веќе се одобрени средства и во финална фаза е доставување закон за патните правци Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Тоа се големи патни инфраструктурни проекти што се дел од нашата програма и очекувам многу скоро да почне изградбата на овие важни патни делници. Во финална фаза е изборот на градежна компанија за изградба на првата делница од коридорот 8, во текот на октомври ќе ги добиеме понудите и очекувам дека до крајот на годината ќе склучиме договор и со избраната градежна компанија за изградба на делницата од Куманово до Бељаковце. Како што кажа премиерот вчера очекуваме понуда од Стројтрамгас како потврдена компанија од Руската федерација за реализација на клириншкиот долг од 60 милиони долари, рече Јанакиески.
Директорот на агенцијата за државни патишта Љупчо Герогиевски најави дека активностите на патот Тетово-Јажинцеќе финишираат некаде во ноември. Тој најави дека патниот правец Боговиње - Гостивар ќе биде обновен во текот на следната година.