Бизнис делегација од Полска во посета на Виница

Денеска во работна посета на Виница престојува бизнис делегација од градот Киелце,Полска.

Бизнис делегацијата беше примена од градоначалникот на опшптина, Емил Дончев.

- Во СОУ„Ванчо Прке“ полската делегација понуди опремување со машини за машинската работилница во училиштето, а во компанијата „Макпрогрес“ за пласман на производи на полскиот пазар, истакна градоначалникот Дончев.

Томас Бугоцки, претседавач на Советот на општина Киелце, информира дека понудиле бизнис осработка во областа на прехранбената и месната индустрија, градежништвото и пласманот на вино. - Ние сме воодушевени од вкусот на македонското вино и на историските споменици за што ќе понудиме и неколку туристички посети на Виничкиот крај со богатите знаменитости, посебно Виничкото кале каде се пронајдени виничките Теракотни икони, истакна Бугоцки.

Полската делегација ги посети Виничкото кале, Музејот Теракота како и Здравствениот дом во Виница. 

18.09.2013 - 15:50
Фото: 
википедија.мк

најчитано сега