Азески: Компаниите мудро одиграле - минимална штетата од косовското ембарго

Според претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески, македонските компании одлично се снашле во текот на трговската блокада од Косово и затоа не претрпеле големи штети.

- Можам да кажам дека македонските компании мудро одиграле. Значи играле во текот на блокадата со сопствени залихи се подготвиле за она што ќе настане по блокадата. Само некои фирми вклучиле партнери од соседните земји што ги покривале во тој период. Мислам дека не се работи за сериозни штети, вели Азески, кој денеска присуствуваше на отварањето на нова модернизирана производствена линија за битуменски ленти во фабриката БИМ Свети Николе..

Тој истакнува дека покрај тоа што македонските комапнии биле мудри во текот на блокадата со Косово, сепак, ваква блокада не треба да се повтори. Тој вели дека извештаите и цифрите кои ги разгледувал по блокадата со Косово покажуваат дека станува збор за минимални штети кои не можат да ја загрозат стабилноста на македонската економија.

Азески истакна дека македонското стопанство пополека излегува од рецесија, а за тоа е потврда и отварањето на нови фабрики и производствени линии во градовите низ земјава.

18.09.2013 - 13:50
Фото: 
е-вести

најчитано сега