Планирате летување покрај македонските езера - ова е прогнозата за таму

Под влијание на висок воздушен притисок и на релативно стабилна, суво и топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка времето во текот на оваа недела во тористичките центри низ државава и тоа во Струга, Охрид, Преспа и Дојран времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, објави метеорологот Славчо Попоски.

Услови за краткотраел локален дожд проследен со грмежи и засилување на ветерот ќе има во четврток а до тогаш само на планините има минимална можност за сосема локален, слаб и краткотраен дожд проследен со ретки грмежи и тоа претежно северозападно од Струшко.

УВ индексто ќе има висока вредност и ќе изнесува некаде од 8 до 9.

Максималните дневни температури на воздухот за Струшко и Охридско за следните денови се некаде помеѓу 28 и 29 степени, во Преспа до околу 28 и во Дојран до околу 34, 35 степени.

 

 

 

06.08.2018 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега