Внимавајте: Измамници демнат и на скопските Клиники

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 11.25 часот 61-годишниот Ѓ.А. пријавил дека на 31 јули 2018 година околу 11 часот во Клиниката за очни болести при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека го носел неговиот дедо на лекар, му пришло непознато лице и му рекол дека веднаш ќе му завршел работа во врска со болеста на дедо му.

Потоа, сторителот му побарал сума од 7.000 денари кои му рекол дека ќе му ги врати откако ќе ги рефундира, по што откако ги зел парите, го напуштил местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

02.08.2018 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега