Нови детали: Над 10 лица повредено во сообраќајката на патот Велес-Штип

Над 10 лица се повредени според првичните и неофицијални информации во сообраќајната несреќа меѓу автобус и камион, која околу 13:20 часот се случи на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево.

Повредените лица се пренесуваат во велешката болница, но засега нема информации за карактерот на повредите и состојбата на повредените лица.

Полицискиот увид се уште е во тек, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

 

 

 

23.07.2018 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега