Апсење пред патарината „Петровец“

Вчера на патниот правец Велес-Скопје пред патарина „Петровец“ од страна на полициски службеници било сопрено возило „Рено“ со велешки регистерски таблици управувано од 25- годишниот Ф.З.(25) од Куманово.

„При контрола на возилото пронајдени биле 13 мигранти, меѓу кои три малолетни лица, сите од Авганистан“соопштуваат од МВР.

Ф.З. е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

23.07.2018 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега