Семејството од Арачиново кое загина се враќало од погреб - сведок раскажа за трагедијата

Три лица од скопско Арачиново, загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потври МВР.
 
Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.
 
Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да скокне од возилото пред ударот. 
 
Сведок за Тв21 вели дека трагедијата била ужасна.
 
- “Оваа трагедија се случи пред два часа. Јас, и брат ми го изгубив вака. Денеска починаа три лица од село Арачиново. Дошле да изразат сочувство на нивни блиски и возот ги удрил на враќање. Поставиле камери за да видат како возот убива луѓе. Ние побаравме рампи, а не камери”, рече жител на село Романовце за ТВ21.
 

 

 

22.07.2018 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега