Страотна сообраќајка во Македонија: Пожарникари едвај го извадиле од возилото

Во 04,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „Алфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од 23-годишниот А.Д. од Струмица, удрило во паркирана приколка на Ј.М.(41) од Струмица.

Во незгодата со повреди се здобил А.Д. кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица.

Во времето од 05,20 до 11,00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

17.07.2018 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега