Моторциклист прегазил пешак кај место викано Кантурски рид

Утринава околу 01 часот и 20 минути било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица кај место викано Кантурски рид, мотоцикл со регистарска ознака од Македонска Каменица, управуван од 28- годишниот А.С од Македонска Каменица, удрил во пешакот 37- годишниот А.З  од Македонска Каменица.

Од МВР велат дека во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип и бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.07.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега