Обвинителството бара затворска казна за дедото на Тамара

„Не сум имал намера да го убијам Никола Тодоров, ако сакав јас во Велес ќе го убиев, немаше да чекам 3 години“. Ова се последните зборови на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, пред  утрешното изрекување на пресудата, објави ТВ24.

Тој бара а биде ослободен од делото за одиб за убиство на екс-министерот за здравство Никола Тодоров и вели дека пиштолот го носел со себе дента кога Тодоров му ја предаваше министерската фотелја на Арбен Таравари, само за да пука во воздух како предупредување за веќе никогаш да не се повтори неправдата која ѝ беше нанесена на неговата внука.

Стојановски тврди дека бил разочаран од ветувањето на Тодоров дека ќе ги покрие трошоците на Тамара во странство, но не го сторил тоа. Дедото на Тамара веќе една година е во затвор.

Малата Тамара почина на 9. февруари 2015 година, а се бореше со тежок деформитет на р'бетот.

 

 

 

 

11.07.2018 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега