Сестрата на Меган ќе направи проблем - со ова планира да ја посрамоти војвотката

Откако се венчаше со принцот Хари и стана војвотка од Сасекс, медиумите не престануваат да пишуваат за Меган Маркл. Освен аферата со нејзиниот татко, сега и нејзината сестра Саманта планира да ја посрамоти.

Како што пишуваат британските таблоиди, продуцентите на „Celebrity Big Brother“ ја повикале Саманта во шоуто, која наводно ќе зборува за својата прва книга која е посветена токму на Меган.

Бидејќи се очекуваат вистински скандали кои ќе го посрамотат кралското семејство, на Саманта и е понудена вртоглава сума, која се уште не е соопштена на јавноста, за учество во „Големиот брат“

Саманта го привлече вниманието на медиумите кога јавно ја прозва својата полусестра, изнесувајќи го нејзиниот валкан долен веш, а најмногу со тоа што ја нарече „спонзоруша“, која не бира средства за да дојде до целта.

 

 

 

05.07.2018 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега