Ќе ви се исполнат желбите: Се верува дека јули е волшебен месец, а посебно овие датуми
Нашите предци ги сакале прославите и обичаите кои ги правеле како би се сочувале од несреќа и болести, барајќи ја на тој начин милоста на боговите. Пролетта и летото секогаш биле резервирани за разни ритуали, а посебно волшебни биле јули и август кога го славеле собирањето на макотрпната работа.
Ова се датумите кои во јули ќе бидат посебно волшебни и значајни:
12 јули– Не очекува Петровден, за кој се врзани интересни ритуали. Би требало рано да станете и уживате во зрaците на сонцето кое излегува. Познат е обичајот на берење цвеќиња, од кои се прават венчиња. Додека го плетете венецот, замислувате желба, а истиот треба да го чувате во куќата, додека желбата не ви се оствари. Емотивно неисполнетите лица треба да наберат цвеќе, да го стават на перница и така да преспијат.
20 јули– Во словенската митологија ова важи за Перунов ден, па можете да му обратите за сила и да го замолите за три желби. Се верува дека кој на тој ден поседи под даб, ќе добие сила и добро здравје за време на годината.
29 јули– Се советува да се набере жито, да се врзе во сноп со црвена лента, а потоа да се стави во некој агол на куќата. Ова наводно ќе го заштити вашиот дом од лоша енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа