Драма во метро: Патниците го туркаа вагонот за да ја ослободат, а таа со раскрварена нога ги молела да не викнат лекар (видео)

Додека останатите патници и помагале на жената за да ја избвлече ногата , таа само ги молела да не викаат брза помош .

На бутниот дел од ногата имала голема исеченица , низ која се гледала коската , многу крварела и трпела болки . Но , во целиот метеж само ги молела луѓето да не викаат итна помош зашто нема пари за да го покрие здравственото осигурување.

"Не разбирате, имам лошо здравствено осигурување", повторувала таа на собраните луѓе кои се обиделе да ја смират и да не се грижат за тоа, бидејќи ѝ била потребна итна медицинска помош.

Сепак , патниците повикале итна помош , која дошла за десетина минути. ,,Како да не викнеме итна помош кога жената не можеше воопшто да се движи , не можеше ниту да се помрдне", вели една од патничките.  

Жената , како што јавуваат медиумите , била и оперирана , но не се соопштува на кој начин ја платила операцијата и превозот со итната помош , кој во САД дополнително се наплатува.  

 

 

 

04.07.2018 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега