Алијанса за Албанците: Именувањето на ексразузнавачот Булaтовиќ за амбасадор би било провокација за Македонија

Од Алијансата за Албанците сметаат дека именувањето на поранешниот шеф на српската разузнавачка служба БИА, Раде Булатовиќ за амбасадор на Србија во Скопје претставува тешка провокација за Македонија, бидејќи како што велат од Алијансата за Албанците, тој на настаните на 27. април во Собрание се покажа директно вклучување на српската разузнавачка служба.

„Апелираме до премиерот Зоран Заев, како и до претседателот на државата, министерот за надворешни работи и претседателот на Собранието да дејствуваат и да ги преземат сите неопходни мерки за да не се прифати една таква провокација без претходно да се обелодени улогата на српскиот вработен во амбасадата кој беше дел од толпата која насилно влезе во Собранието на 27 април, каде меѓу другите настрадаа и претседателот на Алијансата Зиадин Села и сегашниот премиер Зоран Заев“, соопштуваат од Алијансата за Албанците.

Оттаму исто така велат дека ДУИ не треба да молчи пред ваквата провокација и треба да преземе политичка одговорност за да го оправда учеството во власта.

„Алијансата за Албанците како единствена во албанската опозиција нема да молчи пред таквата провокација, но ќе ги преземе сите неопходни политички активности, особено во соработка со меѓународната заедница, ЕУ и САД“, се вели во соопштението.

 

 

 

 

 

 

23.06.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега