Судот во Стразбур ги разгледува жалбите на обвинетите од СЈО

Европскиот суд за човекови права во Стразбур за „Макфакс“ потврди дека до нив годинава стигнале неколку жалби од адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство.

„Судот прими пријави од апликантите кои кривично ги гони специјалното јавно обвинителство“, велат од ЕСЧП за „Макфакс“.

„Судот прими пријави од апликантите кои кривично ги гони Специјалното Јавно Обвинителство. Сите пристигнати жалби се индивидуални и се за различни правни повреди.

Неофицијално, една од жалбите се однесува на одлуката, бомбите да бидат доказ во судските постапки на СЈО.

Според одбраната на обвинетите во предмети кои ги води СЈО, жалбите поднесени до Стразбурф се однесуваат на различни повреди на Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи. Тие потсетуваат дека согласно измените во законот за судови, предвидена е одговорност за судии доколку не ги почитуваат пресудите на на Европскиот суд.

 

 

 

10.06.2018 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега