Демант од МВР: Нема никакви кадровски промени во специјалната единица Тигри
Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени деновиве во дел од медиумите за наводни кадровски промени и назначувања во Единицата за специјални задачи „Тигар“.
Според МВР, поставувањето службеник на командна позиција во оваа единица е целосна тенденциозна невистина.
- Партиската, верската или која било друга припадност, не е, ниту ќе биде критериум за професионално напредување во организациските структури на МВР, наведува од ресорното Министерство.
10.06.2018 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа