Денеска судир на две воздушни маси: Силно невреме доаѓа кон Македонија

Продолжува Африканскиот бран во државава како и многу високите температури на воздухот но и екстремно високиот УВ ИНДЕКС кој ќе има вредност некаде од 10 до 11, стои во временската на Славчо Поповски.

Во текот на претпладнево сеуште времето ќе биде стабилно, сончево и многу топло меѓутоа од пладневните часови поради судир на две воздушни маси (топла од југ и свежа од север) најпрвин на запад а потоа и на другите места ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

НАПОМЕНА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

 

 

 

02.06.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега