Нови детали за сообраќајката попладнево на Плетвар - две лица повредени

На патот Градско – Прилеп во близина на Плетвар околу 18 часот од засега непознати причини патничко возило „пежо“ излетало од патот и се превртило.

Во него биле двајца патници од Штип кои се здобиле со полесни повреди, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Увид на местото на сообраќајката направила прилепската полиција. Сообраќајот се одвива нормално. 

 

 

 

30.05.2018 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега