Мајката на момчето кое го спаси мигрант открива нови детали: „Тоа дете направи едно големо чудо“

Семејството на 4-годишното момче спасено додека висело на балкон во Париз на сите начини му се заблагодари на Мамуд Гасими, мигрант од Мали, кој за неколку секунди, како Спајдермен, се качи и го повлече детето на безбедно.

„Тој е вистински херој“, рекла бабата на детето.

Таткото на малото дете излегол до продавница и го оставил синот сам, а на враќање одлучил да ја игра популарната игра „Покемон Го“ на улица и поради тоа се задржал. Поради тоа му се заканува казна затвор од 2 години.

Мајката на детето кажала дека нејзиниот партнер не е навикнат да го чува детето и дека и претходно го ставал сам.

„Не го оправдувам она што го стори мојот сопруг. Луѓето ќе речат дека може да му се случи секому. Мојот син едноставно имал среќа. Човекот кој го спаси направи едно големо чудо“, вели таа.

Францускиот претседател Емануел Макрон лично му се заблагодарил на Гасим и му врачил медал за храброст, му понудил работа во пожарникарна служба и француско државјанство.

 

 

 

 

30.05.2018 - 20:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега