Видео: Страшна одмазда на поранешен маж - „Децата се мртви, а ти ќе мораш да живееш со тоа“

Американката Аманда Симпсон, која пред една година го напуштила мажот, тврди дека тој сурово ѝ се одмаздил поради тоа и ги убил нивните три деца и нејзиното ново момче Сет Ричардсон, а нејзе ја оставил намерно да живее.

Џастин Пејтнер бил вон себе поради тоа што неговата жена упорно одбивала да му се врати, а потоа извршил масакр. Бидејќи поранешната жена ја ранил во рамо, поранешниот маж ѝ рекол: „Сет е мртов. Децата се мртви. А, ти ќе мораш да живееш со тоа“, а после тоа се убил и себеси.

Оваа 29-годишна жена од Тексас неодамна е пуштена од болница, а во интервјуто за Хафингтон пост рекла дека нејзиниот маж „победил“.

„Децата ми беа сѐ, а сега веќе ги нема. Го знаеше тоа кога ми ги одзема. Останав без сѐ. Победи“, рекла Аманда.

Аманда и Џастин се развеле во 2017 година, после 5 години брак. На 16. мај упаднал во нејзиниот стан, пукал во децата, во неа и нејзиното момче, а потоа и во себе.

Аманда е единствена преживеана. Набрзо после масакрот таа на Фејсбук објавила три видела во кои го обвинува судијата на бракоразводната парница.

„Го предупредив судијата дека е психички лабилен. Не ме слушаше“, рекла е во едно од видеата.

 

 

 

30.05.2018 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега