Сообраќајка во Скопје: Удрил со автомобилот во мотоцикл и избегал - две лица повредени

Во 1 часот и 38 минути, синоќа на булеварот „Гоце Делчев“, во близина на крстосница со улицата „Лазар Личеновски“, патничко возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач,  удрил во мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 33-годишниот Б.С. од Скопје , по што го напуштил местото. 

Од ударот возачот Б.С. и сопатникот, 30-годишниот Б.О. од Скопје се здобиле со повреди и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

Кај возачот Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатникот Б.О. биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

26.05.2018 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега