Важно предупредување: Облека која секојдневно ја носите може да му наштети на вашето здравје

Докажано е дека 73 отсто од проблемите со грбот се предизвикаи од облека и додатоците кои жените ги носат. Ова се неколку секојдневни парчиња гардероба и додатоци кои може да имаат негативно влијание на вашето здравје.

Тесни фармерки

Фармерките како облека се во ред, но треба да имаат оптимална ширина. Многу тесните фармерки прават компресија на нервите и можат да предизвикаат сериозни болки и оштетувања. Освен ова тесните фармерки се штетни за тестисите кај мажите, претераното носење на вакви фармерки може да влијае на плодноста.

Тешки ташни

Ова важи за учениците, но важи и за жените. Кај учениците тешките ранци можат да доведат до искривување на р'бетниот столб, но и кај жените тешките ташни кои ги носат секогаш со себе можат да предизвикаат болки во грбот, рамениците и вкочанетост.

Тешки обетки

Тешките и долги обетки секогаш се во мода. Но, тие треба да се избегнуваат. Постојаното тегнење на увото може да предизвика негови повреди, болки и други компликации.

Стегната облека (ликра)

Некои луѓе користат претерано стегната облека, бидејќи така изгледаат секси и убаво. Но, таа прави компресија на нервите, може да предизвика, трнење болка, па дури и габични инфекции.

Тесни боксерки

За ова веќе имаме пишувано, тесните боксерки можат сериозно да и наштетат на машката плодност, без разлика што во нив изгледате по секси, избегнувајте да ги носите.

Високи шпицасти штикли 

Ова е голем проблем. Секојдневното носење на високи па згора на се и шпицасти штикли е вистински кошмар за вашите стапала. Избегнувајте го нивното секојдневно користење, за да избегнете болни и деформирани стапала.

Влечки (апостолки)

Со оглед на тоа дека се важен детаљ за на плажа, флип-флопс влечките или апостолките не се толку сигурни како што вие сметате. Тие всушност предизвикуваат гребаници на нозете кои може лесно да се заразат.

Со оглед на тоа дека се многу рамни, со овие влечки вашите пети ќе удираат на тлото со сета сила, по што може да се предизвикаат сериозна болка и во грбот.

 

 

 

16.05.2018 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега