Судии добивале закани по животот, Костадиновски поднесе пријава до МВР

 

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за упатени закани за животот и безбедноста на судии од Уставниот суд.

Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија, односно судии, поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на судот.

Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите истакнувајќи дека во едно демократско општество вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.

Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги преземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој, но и слични закани кон судиите.

24.06.2024 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега