Од денеска времен сообраќаен режим на патот Понов мост – Богданци
Од денеска на делницата од Понов мост до влезот во Богданци ќе има времен режим на сообраќај, информира АМСМ. Времениот сообраќаен режим е поради проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во Македонија, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа