Телохранителот на Кајли крена поголема прашина, не сакаше да одговори на прашањето

 

Тим Ченг, телохранителот на најмалата сестра од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер, за кој се сомнева дека е татко на нејзината ќерка Сторми, даде повод за овие гласини. Имено, странските медиуми веќе пишуваат дека Сторми Вебстер е родена од врска која се одвива зад кулисите.

Со денови веќе се шпекулира за татковството на малото девојче, а сега овој полицаец е фотографиран во Лос Анџелес и наместо да ги негира гласините, тој даде многу проблематична изјава. На прашањето дали е татко на ќерката на Кајли, Чанг рече: 

"Не можам да Ви одговорам на тоа прашање".

 

Аферата поврзана за татковството на Сторми Вебстер изгледа му одговара на ова момче, бидејќи тој преку ноќ стана Интернет ѕвезда. Неговиот број на следбеници на Инстаграм порасна на 600.000 откако излезе скандалот со Кајли, а до сега никој од главните протагонисти сериозно и конкретно не се огласи по повод овој "случај".

 

 

 

14.05.2018 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега