Од утре нова цена на бензините - се „готви“ ново поскапување

Регулаторната комисија за енергетика, пред точно две седмици, на Први мај ја донесе новата одлука за цените на бензините кои поскапеа за цели 2 денари. Во однос на цените минатата година ова време, со поледната промена цените поскапеле вкупно за 11 денари. Регулаторна утре напладне треба да ја соопшти новата цена на бензините, која ќе важи од полноќ.

Со последната промена малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 достигна 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,317 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 16.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 30,037 ден/кг. 

Ново поскапување на нафтените деривати најавуваат движењата на цените на светските берзи.

Во моментов барел нафта се продава за 74,5 долари што е над нивото кое како средна цена Регулторната комисија за енергетика го постави при регулирањето на малопродажните цени, минатиот понеделник. Таквиот развој на настаните гарантира повисока малопродажна цена за горивата во Македонија од понеделник.

 

 

 

13.05.2018 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега