Дали спиете со собрана коса - веднаш престанете да го правите тоа

Колку и да ви пречи вашата коса за време на спиењето, не треба да ја собирате.

Со врзување на косата можете значајно да ја оштетите, а за тоа да не сте свесни. Најчесто пред спиење косата се врзува во високо опавче, а тоа може да доведе до оштетување на влакното.

Со вакво собирање на косата може да предизвикате состојба наречена тракциона алопеција. До неа доаѓа најчесто поради стегање на косата, нејзино плетење или, пак, третирање со агресивни хемикалии. Бидејќи се уште една од најчестите причини е собирањето на косата во опавче, тракционата алопеција се манифестира во областа на залистоците, што е и логично со оглед на тоа дека косата од овие области најмногу се затегнува и повлекува кога сакате да врзете високо опавче или пунџа.

Освен до алопеција, зачестеното собирање на косата може да доведе и до значително истенчување на влакната.

За да ги избегнете овие проблеми, носете ја косата почесто пуштена, особено додека спиете. Обидете се да најдете производи за нега кои ќе ја зајакнат вашата коса.

Ако, пак, не сакате да се откажете од собирањето на косата пред спиење или ако не можете да заспиете со пуштена коса, тогаш барем избегнувајте го цврстото високо врзано опавче и пунџа. Обидете се, на пример, да ја соберете косата во пониско, поопуштено опавче.

 

 

 

12.05.2018 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега