Ослободете се од глувците и останатите штетници - тие имаат страв од ова, па ставете го близу домот

Доколку не сакате да користите стандардни техники како лепак или стапица, можете да ги оддалечете глувците од вашиот дом со помош на овие неколку совети: 

menta
Лисја и масло од мента
Познато е дека глувците не го поднесуваат и се алергични на мирисот на ментата, односно нане. За најдобри резултати натопете памук во масло од мента на местата за кои се сомневате дека се движат глувците. Или ставете гранчиња нане на местата од каде влегуваат глувците во вашиот дом.
Отстранете ги залихите од храна и намирници
Глувците уживаат во добрата храна, особено ако им се понудат житарици, гранули или трошки. Сепак, не сте безбедни доколку ги скриете овие намирници, бидејќи гладниот глушец може да изеде сè она во што може да ги зарие забите.Затоа најдобро е да ги отстраните.

ako-ste-pod-stresom-ili-zabrinuti-zapalite-lovorov-list-kao-da-je-mirisljavi-stapic-ili-6
Ловоров лист 
Поставен во кујната или во оставата, ловоровиот лист ги држи подалеку глувците.
Нафталин 
Глувците знаат често во зима да ги запоседнат гаражите, шупите па и домовите. Ова ефикасно ќе го спречите доколку рамномерно ги распоредите куглите на нафталин по просториите. Во куќата нафталинот може да го ставите во фиоки, кујнски ормарчиња и сл. 

luk
Црвен кромид 
Како привремено решение може да послужи и црвениот кромид поставен на местото на влезот. Неговиот јак мирис исто така ќе ги оддалечи глувците на некое време. 
Челичната волна 
Како привремено решение може да послужи и челичната волна. Доколку сте забележале место на кое глувците влегуваат во вашата куќа, затнете го со челична волна. Овој материјал, за разлика од весниците и дрвото, е многу потежок “залак” за глувците.

 

 

 

09.05.2018 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега