Фото: Овие сандали ги носеа сите во Југославија - денес се моен хит и неверојатно скапи

Гумените сандали, кои ги носеа генерации и генерации во поранешна Југославија, се враќаат на голема врата во светот на модата.

Сандалите, кои ги произведуваше сплитската фабрика „Југопластика“, а со кои најчесто растеа децата во поранешната СФРЈ, пак се во тренд откако една од најексклузивните модни куќи во светот „Гучи“ пушти во продажба речиси идентичен модел под свое име.

Популарните гумени сандали сега со логото на „Гучи“ се продаваат за речиси неверојатни 500 евра.

Моделот на „Југопластика“, кој начесто се произведуваше во жолта или кафеава боја, беше неспоредливо поевтин.

 

 

 

09.05.2018 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега