Сител: Дете од скопска градинка заболено од опасен вирус (видео)

Дете од скопска градинка пред неколку денови заболело од коксаки. Ваква информација преку смс порака испратила мајка до раководителката на детската установа, објави Сител.

Случајот не е пријавен во скопскиот центар за јавно здравје од каде со сигурност не можат да потврдат дека станува збор за опасниот вирус кој е наречен и болест на нечисти раце. Но по информацијата од медиумите, најавија дека ќе направат вонреден надзор во објектот бидејќи заразата може да се појави кај друго дете и десетина дена по контактот.

-Кај нас пријава нема, но по истражување на информацијата ја дознавме градинката каде мајка пријавила дека детото и има коксаки. Секако дека ние ќе отидеме на терен да провериме, но кај нас официјална потврда нема, вели Гордана Кузмановска од ИЈЗ.

И покрај заобиколување на процедурите, од градинката неофицијално ни потврдија дека направиле целосна дезинфекција во просториите каде седат дечињата. Вирусот е препознатлив по осип на раце или нозе и зголемена телесна темпаратура. Може да помине со благи симптоми, но според лекарите доведува и до тешки компликации како воспаление на мозок.

-Како и другите заразни заболувања и коксаки може да даде компликации, вели Кузмановска.

Во октомври и ноември минатата година беа регистрирани десетина случаи на коксаки во три скопски градинки.

 

 

 

30.04.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега