При претрес на куќа во Тетово, уапсени тројца албански државјани

Во текот на вчерашниот од 11 часот и 40 минути  до 13 часот и 20 минути, врз основа на претходно добиена наредба од судија за претходна постапка од Основниот суд во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово, во село Порој и во Тетово на улицата “Иво Лола Рибар“ бил извршен претрес во дом и помошни простории сопственост на 49- годишниот Е.А.

При извршениот претрес во домот на Е.А. во Тетово биле затекнати албанските државјани Г.М.(33), А.С.(33) и Д.С.(32).

Истите, поради нерегулиран престој во Македонија биле приведени и задржани во полициска станица.

 

 

 

28.04.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега