Ужас: Сакале да се прослават на Јутјуб па ставиле маче во микробранова печка (ВИДЕО)

 

Две тинејџерки од Америка сакале да се прослават со видео на Јутјуб па се решиле да направат нешто ужасно.

15-годишните тинејџерки кои сакале да направат шега која ќе ја постават на Јутјуб, земале маче старо само неколку недели, го ставиле во микробранова и ја уклучиле, а нивното безмилосно дело се најде на социјалните мрежи.

За среќа, малото маче успеало да преживее и сега е сместено во дом за животни каде го добило името Чудо бидејќи успеало да остане живо.

Тинејџерките сега ќе одговараат пред законот.

 

11.09.2013 - 11:25

најчитано сега