Неготино во сабота протестира за Фросина - „Стоп за сообраќајното насилство“

 

Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино за смртта на младата Фросина Кулакова.

Протестот ќе се одржи во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, кај семафорите.

– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи, пишува во повикот  на Фејсбук.

Истовремено, објавена е и информација дека другарките на Фросина која загина на „Партизанска“ во Скопје, организираат бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш.

05.02.2025 - 08:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега