Мицкоски ќе присуствува на настанот „Од нива до трпеза“ во Аеродром: Промоција на традиционалната храна и руралниот туризам
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на настанот „Од нива до трпеза - сè од нашата општина“, што ќе се одржи во паркот „Авионче“ во општина Аеродром.
Настанот, кој го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да ја промовира традиционалната македонска храна, карактеристична за секоја општина, како и убавините на нашиот рурален туризам.
На настанот ќе се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
14.06.2025 - 09:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа