Важна информација: Повеќе населби во Скопје без вода и струја

 

Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, а без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода.

Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе останат објектите во кругот на поранешниот стопански објект на „Велурфлок“ во населбата Хром, општина Ѓорче Перов. 

Од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улиците „Алберт Станиќ“, „Азем Хајдари“ и „Прохор Пчински, општина Чаир, а од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје, општина Чучер Сандево. 

Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населбата Нерези од 09:00 часот до завршување со активностите, општина Карпош. 

Поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.„Васил Чакаларов“ бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Тафталиџе и населба Нерези до 09:00 часот до завршување со активностите, во општина Карпош. 

Поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул. „Иван Козаров“ бр 51, без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Боте Ботевски“, „Дичо Петров“, „Божидар Аџија“, како и дел од ул. „Георги Димитров“ и дел од ул. „Вера Јоциќ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, во општина Кисела Вода.

05.02.2025 - 08:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега