Пукање во Брисел: Линиите на метрото затворени, полицијата трага по осомничените во тунелите

 


Во близина на метро станицата Клемансо во Брисел беше регистрирано пукање што предизвика и хаос на линиите на метрото и трамвајот во главниот град на Белгија.

„Фотографиите од надзорните камери покажуваат дека осомничените побегнале кон метро станицата Клемансо“, изјави Сара Фредерик, портпаролка на јужната бриселска полиција.

Во престрелката нема жртви, но полицијата соопшти дека осомничените можеби се во тунелите на метрото, но линиите на метрото се затворени од безбедносни причини, јавија бриселските медиуми.

05.02.2025 - 11:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега