Голема акција: МВР се чисти - полицијата утрово сама си врши претреси
Работниот ден во седиштето на МВР започнал со претреси и одземање на службена документација во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици. Според неофицијалните информации била отпочната истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки за сервисирање на службените возила на полицијата и МВР.
Акцијата која ја прави Бирото за јавна безбедност според информациите во исто време претреси вршат и во неколку економски оператори меѓу кои добро познати автосервиси кои до сега години наназад ги сервисирале возилата на полицијата.
Во МВР подолг временски период јавна тајна било дека сервисирањето на возилата претставува ноќен кошмар, бидејќи некои организациски единици останувале без службените возила со месеци, а откако биле известувани да си ги подигнат возилата наводно исправни, гледале дека нема промени и повторно ги враќале на сервисирање. Гневот на вработените бил голем, но оние што биле надлежни и одговорни во МВР да го контролираат целиот надзор и квалитетот веројатно биле дел од корупциската шема.
Во меѓувреме додека се истражувале старите злоупотреби истрагата дошла до информации дека економските оператори во соработка со поедини надлежни и одговорно лица - вработени во МВР договарале како повторно да добијат нови милионски тендери. На тој начин со денешната акција за прв пат во историјата на Јавните набавки во Македонија имаме случај на спречен обид за потпишување на нов договор за јавна набавка штетен по една институција а со тоа по парите на граѓаните.
"Нема да биде како до сега! Ќе сноси одговорност секој, без разлика дали е полицаец, началник или било кој друг. Законите важат и ќе важат за сите, бил ставот на највисокото раководство на институцијата кои јасно ја пренесуваст пораката до сите вработени.
Со овој потег, министерството испраќа силна порака дека старите практики нема да се толерираат, а дека навистина ѓаволот ја однел шегата, потврдуваат големите акции во насока на борба против секој облик и вид на криминал што МВР ги реализира во изминатите шест месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа