Му се слошило па паднал во Вардар - минувачите спречиле трагедија

Околу 17 часот и 30 минути во болницата во Гостивар бил донесен 46-годишниот М.Н. од Гостивар со повреда на главата.

Според пријавеното, тој шетајќи се по кејот, паднал во реката Вардар откако му се слошило и  веднаш бил извлечен од случајни минувачи.

По укажаната лекарска помош, М.Н. бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

02.04.2018 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега