Поранешниот градоначалник на Штип продавал и отстранувал објекти без согласност од Советот

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  и две кривични  дела „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и И.И. како вршител на должност директор на Јавното претпријатие „Стипион 2011“ - Штип во периодот од 27.10.2015 до 12.07.2016 година во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување.

Илчо Захариев како градоначалник на општина Штип издал Одобрение и Наредба за отстранување на објекти околу градскиот базен Штип, како и продажба на истиот, без да добие согласност од Советот на општина Штип, додека И.И. несовесно постапил при спроведување на постапката на Одобрението и Наредбата за отстранување на објекти. Тој не ги одбил иако знаел дека се противзаконски, туку ги спровел и ги извршил.

На тој начин пријавените причиниле вкупна материјална штета на јавното претпријатие „Стипион“ и на општина Штип во висина од 15.412.159 денари. 

 

 

 

02.04.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега