Другар му избегал, него го претепале: Драма во Градскиот Парк во Скопје

Околу 01 часот по полноќ во Скопје, во Градскиот парк, биле нападнати две млади момчиња. Полицијата информира дека 23-годишниот А.Н. од Прилеп и 23-годишниот С.Б. од Скопје, додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.

Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н. бил физички нападнат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

02.04.2018 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега