Ѓорѓиевски: Заев го погази Уставот само за да ја одржи коалицијата со ДУИ

Зоран Заев ги погази Уставот и законите само за да ја одржи својата коалиција со ДУИ, обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека Заев излажал дека законот за јазици нема да се применува во Штип, Прилеп и во Радовиш.

- „Во законот јасно стои дека сите судски постапки, управни, кривични, граѓански, како и постапки пред органите на државната управа ќе мора да се водат и на албански јазик доколку во нив се појави сограѓанин Албанец“, рече Ѓорѓиевски.

Тој вели дека Заев и на 10 март излажал дека двојазичните униформи и двојазичните пари биле неуставни. „Сега Зоран Заев реши и ваквото неуставно решение на сила да го истурка за да се додвори на ДУИ. Зоран Заев лажеше и на 17 мај кога ја потпиша изјавата кај претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да се носат закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот“, рече Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува законот е единствено исправна одлука. „Секој незаконски обид за негово озаконување без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси кривична одговорност“, истакна Ѓорѓиевски.

 

 

 

23.03.2018 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега